Околу 180.000 гледачи се очекуваат на трибините на стадионот – „Вембли“ за завршните мечеви на Евро 2020, изјави британскиот организациски комитет. На 6 и 7 јули ќе бидат одиграни полуфиналните натпревари: Италија – Шпанија и Англија – Данска додека големото финалето е закажано на 11 јули.
На секој од трите меча треба да има околу 60.000 гледачи, што значи дека Вембли ќе биде исполнет со 2/3 од капацитетот кој е 90.000. Претходно за средбите во групната фаза и во 1/8 финалето, присуствуваа максимум 22.500 гледачи. На натпреварот Англија и Хрватска имаше 18.497 , средбата Англија – Шкотска донесе 20.306 фанови, дуелот Чешка – Англија – 19.104 а Италија и Австрија собраа 18.910 луѓе.
За натпреварот од 1/8 финалето меѓу Англија и Германија, капацитетот беше зголемен на 50% и натпреварот го следа 41.973 навивачи.

