13 играчи кои се дел од селекцијата на Шпанија која брои вкупно 24 фудбалери на Европското првенство освоиле вкупно 22 трофеја од континеталните собири во конкуренција на: 17, 19 и 21 година.
Само тројца од „црвената фурија“ не играле на Европско првенство во било која возраст. Тоа се: голманот Роберт Санчез, Емерик Лапорте (бидејќи играше за Франција) и Жерард Морено.
„Изборот беше дизајниран за Светското првенство во 2022 година, но, играчите созреаа побрзо и резултатот можете да го видите тука. Многу порано од очекуваното можеме да ги користиме младите фудбалери. Тоа е успех за нашиот фудбал“ – прокоментира претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес.

