Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, пред утрешниот меч со Италија во првото полуфинале на Европското првенство, вели дека противникот игра убав фудбал. Натпреварот е утре во 21:00 часот на „Вембли“.
„Станува тешко. Ќе се сретнеме со Италија која игра прекрасен фудбал и добро се движи во напад и одбрана. Сакам фудбалерите да се забавуваат и да одиграат без притисок“ – рече Енрике.
„Ја сакам Италија, ми се допаѓа Рим – неверојатен град во кој имав прекрасен престој една година. За мене е задоволство да играм против Италија. Можеме да победиме, да ремизираме или да загубиме, но, убеден сум дека ќе нападнеме и ќе се браниме во вистинско време” – потенцираше Енрике.

