Ветеранот, Томас Милер, индиректно го обвини селекторот на Германија, Јоаким Лев за неуспехот на ЕУРО 2020. „Панцирите“ беа елиминирани во осминафиналето по поразот од Англија а според ѕвездата на Баерн Минхен, проблемот бил во тактичката поставеност на теренот.
„Де факто потфрливме поради нашата колеблива шема на дефанзива која имаше главна цел да не примиме гол“ – рече Милер, цитиран од весникот – „Билд“.
Селекторот, Лев, наметна шема со тројца стопери, но, тоа се покажа како лош избор бидејќи Германија прими дури седум голови на 4 средби. Два од нив беа на мечот со „Гордиот Албион“.

