Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го советуваше претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас да научи од Премиер како се работи на промоција и афирмација насекаде низ светов.
„Во Премиер-лигата раководството е подобро, шампионатот се гледа и во Азија. Во Шпанија можеби станува збор за единствениот бизнис кој се гледа со потценување кон тие што сакаат да инвестираат“ – вели Гвардиола.
„Манчестер Јунајтед, Сити, Челзи и Ливерпул се економски силни клубови кои сакаат да реинвестираат за да може клубот да расте. Г-дин Тебас, нека гледа во туѓ двор и нека научи. Можеби Барселона, Реал и Атлетико Мадрид и другите ќе имаат повеќе пари за инвестирање“ – вели шпанскиот тренер.

