Репрезентацијата на Италија предводена од Роберто Манчини игра одлично на Европското првенство на кое во полуфиналето ќе сретнат со Шпанија во битка за финалето.
Од друга страна селекторот на Шпанија Луис Енрике има малку искусни фудбалери и повеќе се базира на младите и талентирани играчи. Тоа не е причина италијанскиот селектор да не верува во тежок натпревар на „Вембли“ во обидот да стигнат до големото финале.
„Ќе биде тежок натпревар, Шпанија има поинаква игра од Белгија. Со Австрија во осминафиналето ни беше тешко бидејќи тие се агресивни, ве спречуваат да играте. Шпанија е извонредна, таа е силна репрезентација веќе со години. Сега дојде до промена на генерацијата, но младите се многу квалитетни. Шпанците долго време доминираат со светскиот фудбал. Тоа нема да се промени сега“, истакна Роберто Манчини.
Италија ќе ја нема потребната помош од трибините, затоа што италијанските фанови нема да може да бидат во Лондон, поради рестрикциите поврзани со короанвирусот. Тоа секако ќе биде хендикеп за „азурите“, кои вечерва од 21.00 часот го играат мечот со Шпанија.

