Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Дрис Мертенс успешно опериран на левото рамо во Белгија
    Фудбал

    Дрис Мертенс успешно опериран на левото рамо во Белгија

    risteBy riste06/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Крилото на Наполи, Дрис Мертенс беше опериран на левото рамо во Белгија. Тој ќе мора да мирува две или три недели, по што ќе започне процесот на рехабилитација. Фудбалерот беше опериран веднаш штом Белгија испадна од Евро 2020 за да биде подготвен за почетокот на новата сезона во Серија А.

    „Дрис Мертенс беше подложен на стабилизирачка операција на левото рамо во Белгија од страна на д-р Деклекрк и под надзор на д-р Канонико. Играчот ќе мора да паузира две или три недели, а потоа ќе започне рехабилитацијата“, изјавија од Наполи.

    https://twitter.com/sscnapoli/status/1412083578394062848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1412083578394062848%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070602581009099

    34-годишниот Мертенс, кој има 102 натпревари со белгискиот тим, минатата сезона повторно беше клучна фигура во составот на Наполи. На 29 натпревари во Серија А, тој постигна 9 голови. Ветеранот потпиша нов договор со клубот во јуни, обврзувајќи се до летото 2022 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Мертенс одигра 21 минута во поразот од Италија во 1:2 во четвртфиналето на Евро 2020, но не успеа да им помогне на „црвените ѓаволи“ да постигнат подобар резултат и да ја елиминираат Италија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.