Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека комплет билети за финалето на Евро 2020 ќе бидат поделени меѓу жителите на главниот град кои биле вакцинирани против корона-вирусот.
„За нас е многу значајно да продолжиме да го зголемуваме бројот на младите луѓе кои доаѓаат да се вакцинираат. Делењето на билетите е златна шанса за секого да биде на стадионот на ден што може да биде неверојатен за нашата нација“ – изјави Хан за – „Скај Спорт“.
Секое лице што ќе се вакцинира ќе добие по две влезници за големото финале закажано в недела на стадионот –„Вембли“.

