Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини задоволен од пласманот во финалето по победата над Шпанија изјави дека турнирот сè уште не е завршен и неговите играчи имаат уште многу работа.
„Пеналите се сурови. Шпанија покажа дека е тежок противник. Тие имаат одличен тим и одиграа многу добро. Не се претставувавме како што обично се претставуваме, но се боревме силно. Знаевме дека нè чека таков судир.
Уште пред натпреварот знаевме дека Шпанците се господари на топката. Тие ни создадоа проблеми, па моравме да ја прилагодиме нашата игра и да се бориме напорно. Им честитам на момците затоа што тие веруваа во мене во текот на овие три години. Но, сè уште не е готово. Имаме уште работа. Треба да ја вратиме силата и добро да се подготвиме за финалето“, заврши Манчини.

