Градоначалникот на италијанската престолнина Рим, Вирџинија Раџи, може да ги отвори вратите на стадионот –„Олимпико“ и да дозволи навивачите на Италија да го гледаат на голем видео бим финалето на ЕП.
Таа ја напиша понудата на Твитер веднаш по синоќешниот пенал-рулет во кој Италијанците славеа против Шпанија. Раџи напиша дека Олимпико треба да биде отворен за навивачите „со ограничен капацитет поради мерките Ковид-19“.
Стадионот во Рим беше домаќин на три натпревари од групната фаза на Европското првенство и четвртфиналето меѓу Англија и Украина.

