Семејството на шпанскиот напаѓач, Алваро Мората, повторно беше предмет на сериозни закани поради настапот на фудбалерот за време на Евро 2020.
Претходно играчот на Јувентус објави дека навивачите на „Фуријата“испраќале закани кон него и неговите роднини бидејќи не биле задоволни од неговите настапи. Сега пак, истото го направиле и навивачите на Италија откако Мора го постигна изедначувачкиот погодок на вчерашниот меч против „аѕурите“.
Воедно и сопругата на фудбалерот, Алис Кампело, родена во Венеција, сподели на Инстаграм неколку непријатни пораки што ги добила од лутите навивачи.

