Поранешниот репрезентативен голман на Данска, Питер Шмајхел, кој му е татко на првиот чувар на мрежата на Данците на ЕП, Каспер, вели дека играчите на Данска имаат сила да одат во финалето против Италија.
„Да бидам искрен, мислам дека Данска е фаворит. Ноќта кога во четврт-финалето игравме со Велс беше точно 29 години по нашиот триумф во 1992 година. Мислам дека сме многу добра фудбалска нација, стигнавме до четвртфиналето на Светското првенство“ – вели Питер.
„Мислам дека ќе биде изедначен меч. Сите сонуваат да играат на Вембли“ – Питер Шмајхел.

