Еден од хероите на Англија во полуфиналето против Данска, Рахим Стирлинг изјави дека е среќен за победата и високиот дух што го покажаа против „црвениот динамит“. Тој исто така ја коментираше ситуацијата со пеналот кој му донесе победа на неговиот тим.
“Почувствував контакт, добив удар во ногата и за мене тоа е пенал. Важно е само што топката заврши во мрежата. Првпат примивме гол, но одговоривме добро и покажавме висок дух. Знаевме дека ќе биде тешко и мора да останеме смирени. Покажавме агресија, што ни донесе успех. Сега треба да се фокусираме на финалето. Знаеме што значи фудбалот во оваа земја, но одиме чекор по чекор“, вели Стерлинг.

