Француската фудбалска федерација потврди дека Дидие Дешамп останува селектор и ќе ја предводи селекцијата на Франција на СП во Катар.
Ова беше потврдено од раководството на федерацијата откако имале средба во текот ан вчерапшниот ден во Гингамп, а разговарале за болната елиминација на Франција од Швајцарија во осминафиналето на Евро 2020 (3:3 во регуларното време, 4:5 по изведувањето на пеналите).
„Тој ќе ја предводи Франција до Катар. Прашањето беше решено за три минути. Неговата желба да продолжи беше исто така и моја. Не се сомневаме во неговата работа”, рече првиот човек на Француската фудбалска федерација Ле Греј.
„Не смееме да заборавиме на сè што е направено. Напротив, имаме млади играчи со одлични квалитети и одличен тренер”, заклучи тој.

