Поранешниот дефанзивец на Англија, Гери Невил го прокоментира претстојното финале на Евро 2020 меѓу „Трите лава“ и Италија. Тој верува дека најважен играч на овој натпревар за домаќините ќе биде Рахим Стирлинг.
„Да ме прашавте пред пет денови, ќе кажев дека нашиот најзначаен играч на турнирот е Пикфорд. Имаше одлични одбрани. Лук Шо беше неверојатен, Кајл Вокер исто така брилијантен. Калвин Филипс доминираше на средината на теренот“ – вели Невил.
„Сега ќе мора да најдеме начин да ги разделиме Киелини и Бонучи, можеме да го користиме Стирлинг за да напаѓаме покрај нив. Тој мора да биде клучот за успех бидејќи тие ќе внимаваат повеќе на Хари Кејн“ – вели Невил.

