Поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман, процени дека напаѓачот на Англија, Рахим Стирлинг, одглумил пенал на мечот со Данска и дека тоа дава лош пример за младите фудбалери.
„Англија отиде во финалето со непостоечки пенал. Англичаните секогаш се прават горди дека се дом на фер-плејот и дом на фудбалот во кој нема симулација и глума“ – вели Хаман.
„Сите се сеќаваме дека го исмејуваа Јирген Клинсман кога тој се обидуваше да глуми во Англија. Многу млади деца го гледаа мечот и видоа што се случи на „Вембли“, не сакаме да даваме таков пример“ – потенцира Хаман

