По 14 години повторно во финалето на Копа Америка ќе се сретнат селекциите на Бразил и Аргентина. Тогаш славеше Бразил, кој е повторно фаворит, а ова средба ќе биде интересна затоа што на спротивните страни ќе бидат две големи ѕвезди на светскиот фудбал.
Нејмар во селекцијата на Бразил, и Лео Меси како предводник на Аргентина. Овие две репрезентации ќе се борат за тронот на Копа Америка. Пред овој дуел доаѓа одлична вест, властите во Рио де Жанеиро одлучија на трибините на Маракана да има публика.
Капацитетот на стадионот ќе биде исполнет 10% одново ќе има околу 7.800 навивачи на трибините. Ова е прв натпревар со публика на Копа Америка, кој се одржува во Бразил. Секако за да се следи финалето ќе мора да се има негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.
Суперѕвездата на Барселона, Лео Меси има играно 11 пати против Бразил и има негативно салдо од четири победи и шест порази, но сите тие триумфи беа на пријателски натпревари во кои еден од најдобрите фудбалери на сите времиња постигна пет од седумте голови постигнати на Аргентинците.
Останува да се види дали Меси конечно ќе успее да ја пробие менталната бариера, но доколку биде на нивото на кое досега играше на турнирот, Аргентина има на што да се надева.Натпреварот за титулата во Копа Америка се игра вечерва во 2 часот по полноќ.

