Ешли Барти, за прв пат во кариерата го освои тенискиот турниор –„Вимблдон“ откако во денешното финале во Лондон ја совлада Каролина Плишкова во три сета.
Тенисерката од Австралија која победи во 2019 на терените на Роланд Гарос, денеска имаше можност да се израдува на вториот грен слем трофеј во кариерата. Таа е првата тенисерка од Австралија со титула на англиската трева по 41 година. Тоа претходно го направи Ивон Гулагонг.
Плишкова која денеска го одигра второто грен слем финале во кариерата и понатаму нема трофеј.

