Иако шпанската фудбалска репрезентација го заврши настапот на ЕП, италијанскиот тренер Фабио Капело го пофали селекторот Луис, Енрике.
Капело откако направил анализа на ЕП, не ја пропушти шансата да го издвои младиот Педри како фудбалер кој е откритие на шампионатот.
„Јас сум многу среќен за него (Луис Енрике). Шпанија одиграмногу добро и над сè, тој ја постави основата за наредните турнири. Тој изгради многу млада репрезентација со голема иднина и вистинско откритие како што е Педри. Тој е едноставно спектакуларен фудбалер, -истакна Капело за Марка.

