Англија и Италија денеска од 21.00 часот на стадионот – „Вембли“ во Лондон пред околу 68.000 фанови ќе го одиграат финалниот меч на Европското фудбалско првенство. Улогата на главен судија ќе ја има Бјорн Кујперс (Холандија).
Италијанците ќе бидат без Леонардо Спинацола кој се повреди на натпреварот против Белгија, додека кај Англичаните под знак прашалник е настапот на Фоден. Веројатни состави: Италија: Донарума, Емерсон, Кјелини, Бонучи, Ди Лоренцо, Барела, Жоржињо, Верати, Инсиње, Имобиле, Киеза. Англија: Пикфорд, Лук Шо, Мегваер, Стоунс, Волкер, Рајс, Филипс, Стерлинг, Маунт, Сака, Кејн.
Англија првпат игра финале на Европско првенство а 55 години чека на голем трофеј по мундијалската круна на СП 1966. Италија игра ново финале по 2012 година. „Аѕурите“ единствената европска титула ја освоија во далечната 1968 година.

