Новиот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потенцира дека одлично ги познава квалитетите на Давид Алаба кој треба да биде значајно засилување за „кралевите“ во новата сезона.
Италијанецот му беше тренер на репрезентативецот на Австрија додека седеше на кормилото на Баерн Минхен.
„Алаба има огромно фудбалско знаење и интелигенција. Тој стана врвен централен дефанзивец. Добивме комплетен играч кој може да одговори на повеќе позиции“ – потенцира италијанскиот тренер на клупата на „кралевите“.

