Медиумите во Англија објавија дека фудбалскиот состав Ливерпул може да бара купувачи за капитенот, Џордан Хендерсон, бидејќи преговорите за продолжување на соработката засега се во ќорсокак.
Актуелниот договор на Хендерсон трае до летото 2023 година, што сепак им дава надеж на двете страни дека ќе најдат заеднички јазик. Играчот од средниот ред цели десет сезони е дел од „црвените“ а од 2015 година по заминувањето на Стивен Жерард, ја презеде капитенската лента.
31-годишниот фудбалер кој дејствува во средниот ред, во последната година имаше континуирано проблеми со повредите.