Луис ван Гал се враќа да ја предводи холандската репрезентација, пренесува „Де Телеграф“. Според информациите, славниот тренер се договорил за неговиот личен договор со Фудбалската федерација на Холандија и ќе ги предводи „лалињата“ на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Холандија започна одлично на Евро 2020, забележа три победи во групната фаза, но загуби сензационално во 1/8 финалето по поразот од Чешка со 0:2. Ова доведе до оставка на тренерот Франк де Бур. Ван Гал веќе ја водеше Холандија од 2000 до 2001 година и од 2012 до 2014 година.
Под негово водство, тимот освои бронзен медали на СП 2014. Тој последен пат го предводеше англискиот Манчестер Јунајтед, но ја напушти функцијата во 2016 година.