Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, не беше во можност да го одработи последниот тренинг на тимот, обкави „Марка“.
Фудбалерот, неколку минути по почетокот на тренингот, добил симптоми на настинка и го напуштил теренот пред предвидениот рок. Подоцна било објавено дека Шпанецот претходно поминал два теста за коронавирус и двата биле негативни. Се претпоставува дека телото на Иско на тој начин реагирало на вакцината против КОВИД-19, што тој ја примил на 19 јули, заедно со неколку соиграчи.
Пред почетокот на сезоната 2021/2022, Реал Мадрид ќе има два пријателски натпревари. На 25 јули, Реал Мадрид ќе игра против Ренџерс. Средбата ќе се одржи во Глазгов. На 8 август тимот од Мадрид ќе игра против Милан. Овој натпревар ќе се одржи во Клагенфурт (Австрија).