Македонската џудистка, Арбреша Реџепи, нема да може да присуствува на церемонијата на отворањето на Олимписките игри Токио 2020 и нема да го носи нашето знаме бидејќи имала контакт со лице заразено со Ковид -19.
Од МОК објаснуваат дека нашата олимпијка според правилата на ИОК ќе може да оди на тренинг со посебен транспорт и ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир.
Реџепи според распоредот во првото коло ќе се сретне со натпреварувачката од Велика Британија, Жил Челзи.

