Фудбалерот, Килијан Мбапе, одлучи да го прекине одморот и многу порано од очекуваното да се појави во тренинг базата на ПСЖ.
Францускиот репрезентативец откако позираше во тренинг комплексот ги помина и задолжителните медицинските прегледи.
Според медиумите, напаѓачот им соопштил на челниците на ПСЖ дека ќе ја одработи последната година од договорот а потоа како слободен играч ќе замине во Реал Мадрид.