Македонскиот пливач Филип Дерковски исто така се појави на натпреварите во пливање на ЛОИ во Токиот.
Филип Деркоски ја почувствува олимписката атмосфера, но не успеа да го мине првиот филтер на 400 метри слободно. Македонецот заврши на четвртата позиција во својата квалификациска група, но забележа подобро време од она со кое беше пријавен за настап на ЛОИ.
Во конкуренција на четири пливачи, Деркоски беше последен, но времето од 4:03.34 е за 76 стотинки подобро од неговото пријавено за Олимписките игри.

Следен македонски спортист кој што ќе се појави на ЛОИ во Токио и Арбреша Реџепи која се натпреварува во џудо во категорија 52кг.

