Фудбалскиот состав на ПСЖ е заинтересиран да го ангажира дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој треба да одработи уште две години од договорот со италијанскиот состав.
Наводно, претставниците на францускиот клуб имале состанок со агентот на играчот, Фали Рамадани, за да откријат под какви услови може да го привлечат на „Паркот на принцовите“.
Во исто време и тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, призна дека Кулибали може да биде продаден иако се надева дека тоа нема да се случи.

