Шпанскиот дефанзивец, Серхио Рамос, нема да дебитири за ПСЖ на пријателскиот натпревар против Севилја откако тренерот, Маурицио Покетино, го изостави од списокот на пријавени фудбалери.
Корпулентниот стопер кој во текот на летово дојде како големо засилување од Реал Мадрид, не работеше на тренинзите во последниве денови поради болка во мускулот. ПСЖ првиот официјален меч во новата сезона ќе го одигра в недела против Лил во Супер-купот на Франција.
Новата сезона во Лига 1 ќе стартува на 7 август a „светците“ во првото коло ќе играат со Троа.