Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси се врати во Каталонија за да потпише нов договор со Барселона, објави „Спорт.ес“. По победата со репрезентацијата во Купот на Америка, фудбалерот беше на одмор.
Претходно беше објавено дека двете страни веќе постигнале договор. Каталонскиот клуб е уверен дека Меси во блиска иднина ќе потпише договор, по што и официјално ќе биде објавено. Претходниот договор на Меси со Барселона истече на крајот на јуни.
Аргентинецот ги брани боите на Каталонците во текот на целата кариера. Минатата сезона, напаѓачот одигра 35 натпревари во Ла Лига, постигна 30 гола (три од пенал) и девет асистенции.

