Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино одби да открие дали клубот преговара со суперrsвездата Лионел Меси, кој не го продолжи договорот со Барселона.
Исто така, аргентинскиот тренер беше категоричен дека евентуалнпто купување на неговиот сонародник не значи дека Килијан Мбапе ќе го напушти „Паркот на принцовите“. Парижаните се сметаат за фаворити за потписот на Меси, бидејќи веќе има информации за нивната понуда до него и за телефонски разговор помеѓу тренерот и напаѓачот.
„Фокусирани сме на почетокот на сезоната. Во меѓувреме, ние исто така сме фокусирани на клубот, кој работи дискретно на преодниот рок за да го подобри составот на сите можни начини за да ги постигне целите што ги поставивме на почетокот на сезоната. Што се однесува до Лионел Меси, знаеме што се случи вчера. Нема да кажам ништо за тоа. Целосно сме фокусирани да ја победиме Троја и добро да ја започнеме сезоната. Меѓутоа, во исто време, нашиот спортски директор и претседател напорно работат на засилување на тимот. Дали привлекувањето на Меси би значело напуштање на Килијан Мбапе? Не !“, рече Покетино на денешната прес -конференција, кој се насмеал на шоследното прашање.