УЕФА го објави списокот на играчи кои се натпреваруваат за титулата најдобри играчи во Лигата на шампионите во однос на позициите, соопшти прес-службата на УЕФА. За секоја од позициите беа предложени тројца кандидати.
Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едерсон (Манчестер Сити), Едуард Менди (Челзи).
Дефанзивци: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер Сити), Антонио Рудигер (Челзи).
Играчи од средниот ред: Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Жоржињо (Челзи), Н’Голо Канте (Челзи).
Напаѓачи: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Роберт Левандовски (Баерн), Килијан Мбапе (ПСЖ).
Жирито го сочинуваа тренерите на 32 клуба кои играа во групната фаза на Лигата на шампионите минатата сезона, како и 55 новинари од сите асоцијации на УЕФА, избрани од Европската асоцијација за спортско издаваштво (ЕСМ). Тренерите не можеа да гласаат за играчите од своите тимови.

