На наптпреварот од првото коло од англиската Премиер лига во сезоната 2021/2022, во кое Челзи беше домаќин на Кристал Палас, домашната екипа успеа да постигне еден интересен љубилеен гол.
Во 27. минута од средбата, главниот судија досуди прекршок во близина на шеснаесетникот на гостите. Маркос Алонсо успеа да изведе еден прекрасен удар и преку слободен удар да му донесе предност на својот тим од 1:0. Ова беше 50-тиот гол на Челзи во историјата на Прелмиер лигата со директен слободен удар, второ највисоко достигнување меѓу сите тимови во Англија.
На прво место е Манчестер Јунајтед, чии играчи со директен удар од слободен удар го погодиле противничкиот гол 64 пати.