Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Марко Розе, верува дека напаѓачот, Ерлинг Халанд, кој е трансферна цел на големите клубови низ Европа може да остане подолг период во германскиот состав.
Првиот стрелец на „милионерите“ кој има откупна клаузула од 75 милиони евра, има тeковен договор до 30 јуни во 2024 година.
„Ерлинг треба сам да одлучи што ќе прави. Ние сме среќни што игра за нас. Се надевам заедно ќе имаме убава приказна“ – потенцираше тренерот на Борусија Дортмунд.

