Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, во последен миг се премисли и ќе го задржи во составот , Хаким Зијаш, кој претходно беше ставен на трансфер листата, објавија дел од медиумите во Англија.
Германскиот стратег се определил да му даде шанса на брзоногиот фудбалер што значи дека ќе пропадне најавениот трансфер во Милан.
„Росонерите“ сакаа да го ангажираат Зијаш како замена за Хакан Чалханоглу кој го напушти тимот.