Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Каратистите се вратија од Тампере со четири медали од ЕП
    Домашен микс

    Каратистите се вратија од Тампере со четири медали од ЕП

    sasoBy saso24/08/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По извонредните резултати постигнати на европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21), ашата делегација се врати во земјава и беше пречекана од претставници на ИО на КФМ, тренери и спортисти од повеќе наши клубови, како и членови на нивните семејства.

    На ова првенство македонските каратисти постигнаа резултати кои се меѓу најдобрите во историјата на младинските првенства, со 4 медали во конкуренција на 45 земји со 1000 млади каратисти. Стефан Стојановиќ освои јуниорско злато, Столе Смилковски сребро во У21, Андреј Басаров сребро за кадети а Матеј Белистојаноски бронза за јуниори. Во квалитетниот настап се надополнуваат едно петто, четири седми места а неколку наши натпреварувачи имаа по две или три победи, што за нив и за другите е поттик дека можат во иднина и тие да освојат медал. Младите каратисти беа предводени од селекторите Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини во борби и Стојан Андриевски во кати, а во делегацијата беше и Боби Војдиновски, еден од најдобрите светски судии, кој ја преставуваше федерацијата на високо ниво.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.