Саул Нигес од Атлетико Мадрид е трансферна цел на Челзи во последните часови на трансфер пазарот, информираат медиумите од Англија.
Денеска „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ започнаа преговори со шпанскиот шампион. Се дискутира опцијата за почетена позајмица со опција за откуп потоа. Саул веќе беше поврзуван со Барселона, но двата клуба не успеаја да се договорат.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, пред извесно време призна дека нема да го запре играчот од средниот ред, бидејќи дал многу за клубот. Во исто време од Атлетико Мадрид преговараат со Барселонаа за Антоан Гризман.

