Шпанскиот фудбалски интернационалец, Самуел Кастилјехо, најверојатно ќе го напушти Милан и ќе направи трансфер во ЦСКА Москва, пренесуваат денеска дел од тамошните медиуми.
Бидејќи трансфер пазарот во Русија е отворен до 7 септември, тимот од Москва интензивно преговора со „росоенрите за трансфер на Шпанецот.
Според наведеното, брзоногото крило ќе замине на позајмица со задолжителен откуп за сума од 8 до 10 милиони евра. Во рускиот шампионат треба да остане најмалку една година.

