Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот на Европското првенство (ЕП). Во последниот меч во Тампере, нашите одбојкари загубија од главниот фаворит во нашата група Русија (15:25, 13:25, 18:25).
Во меч кој траеше нешто помалку од еденипол час, Русите дојдоа до чиста и убедлива победа која не дојде во прашање во ниту еден момент од натпреварот. Најдобар поентер кај Русија беше Кирил Клетс со 15 поени, пред Евгениј Баранов со 12 поени, додека кај Македонија повторно најефикасен беше Никола Ѓорѓиев со девет поени, а Александар Љафтов имаше шест поени.
Македонија ова ЕП го заврши со пет порази на пет натпревари, а успеа да освои само два сета, во натпреварите против Шпанија и Финска, додека на останатите натпревари против Русија, Турција и Холандија загубија со максимални 3:0.