Големата фудбалска ѕвезда на Борусија Дортмунд и на селекцијата на Норвешка, Ерлинг Холанд, изјави дека не е задоволен од неговиот настап на вчерашниот меч со Гибралтар во квалификациите за Светското во Катар.
Неговата селекција славеше очекувана победа со 5 спрема 1 а Норвежанецот успеа да забележи три гола. Сепак, тоа според Халанд не е доволно.
„Морам да имам повеќе голови отколку одиграни натпревари. Токму тоа е целта” – изјави 21-годишниот фудбалер кој одигра 15 натпревари и постигна 12 голови за репрезентацијата на Норвешка.

