Ѕвездата на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси веќе е најпродуктивниот јужноамерикански фудбалер кој со својата репрезентација има постигнато најмногу голови.
Меси синоќа успеа да постигне хет-трик за Аргентина во квалификациите за СП против Боливија (3: 0) и веќе има 79 голови, а со тоа го надмина легендарниот Бразилец Пеле кој има постигнато 77 гола во дресот на својата репрезентација. Поранешниот предводник на Барселона, а сега играч на ПСЖ ова го постигна на 153 средби, додека Пеле тоа го направи на само 91 натпревар.
https://twitter.com/FOXSoccer/status/1436132487537717249
Трет во поредокот е Нејмар со 69 голови, а потоа следи Луис Суарез од Уругвај со 63. Покрај тоа, ова беше седми хет-трик за Меси за репрезентацијата на Аргентина.

