Шпанскиот фудбалски гигант Барселона покажува интерес за белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс од англискиот Лестер Сити, пренесува „Мундо Депортиво“.
Скаути на Каталонците веќе долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч од средниот ред и од „Камп Ноу“ планираат да се обидат да го привлечат. Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул исто така го следат играчот.
Тилеманс веќе одигра 113 натпревари со 18 голови и 19 асистенции за Лестер Сити по неговиот трансфер за 45 милиони евра од француски Монако во 2019 година.

