Вечерва се игра финалниот меч на УС Опен, четвртиот Грен слем турнир во сезоната, а најдобриот тенисер во Светот, Новак Ѓоковиќ е пред голем предизвик.
Не само да ја освои титулата на УС Опен туку и да испише историја во овој спорт. Ѓоковиќ може да биде првиот тенисер кој успеал да ги освои титулите на сите 4 Грен слем турнири во една сезона. На патот на Ѓоковиќ е Данил Медведев кој е негов противник во финалето на УС Опен.
Голем фаворит за победата е српскиот тенисер. Досега финалистите на овогодишниот УС Опен имаат одиграно осум меѓусебни дуели. Србинот води со 5:3, победувајќи на единствениот меч во тековната сезона.
Новак Ѓоковиќ игра за многу рекорди и историски подвиг. Сите очекуваат да одговори на предизвикот и да ја освои титулата број 21 на големите турнири. Со тоа ќе се искачи на лидерската позиција и ќе биде пред Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат по 20 освоени титули на Грен слем турнирите
Мечот за титула во Њујорк и историја во тенисот се игра вечерва со почеток од 22:00 часот.

