УЕФА му забрани на Ајакс Амстердам да го носи дресот посветен на пејачот Боб Марли. Прес-службата на клубот соопшти дека УЕФА побарала да се отстрани сликата на три птици од дизајнот на дресовите, кои се инспирација од една од песните на Боб Марли.
Публикацијата е достапна на официјалниот „инстаграм“ на фудбалскиот клуб Ајакс.
„Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) гледа на ова како на поинаков израз на логото на клубот, логото на спонзорот или логото на производителот“, велат од прес-службата на холандскиот клуб.

Црните дресови, кои се третиот сет за тековната сезона, имаат зелени, жолти и црвени ленти, а на задната страна се прикажани три птици.
Утре, 15 септември, Ајакс ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон со почеток од 21 часот.

