Рускиот играч за врска во екипата на Валенсија, Денис Черишев, кој се повреди во натпреварот од 4. коло на „Ла Лига“ против Осасуна (4:1), ќе пропушти од еден до еден и пол месеци, пишува „Марка“.
Претходно се дозна дека 30-годишниот фудбалер добил истегнување на медијалниот колатерален лигамент на левото колено.
Да потсетиме, во продолжението на првото полувреме, држејќи се за коленото, Черишев побара замена и го напушти теренот поради повреда. Во тековната сезона од Примера, Денис Черишев одигра четири натпревари за Валенсија и имаше една асистенција.
Договорот на Русинот со клубот важи до јуни 2022 година. По четири одиграни кола во шпанскиот шампионат, Валенсија е на 2-то место со 10 бода, а во следното 5. коло Валенсија ќе игра дома со Реал Мадрид. Средбата ќе се одигра на 19 септември.

