Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Едсон Арантес до Насименто Пеле, повторно е префрлен на одделот за интензивна нега во болницата во Сао Паоло, но неговата ќерка вели дека добро се опоравува.
Познатиот фудбалер, кој денес има 80 години, минатата недела успешно беше опериран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде што му беше отстранет туморот на дебелото црево.
Трикратниот победник на Светското првенство е во болница од 31 август, откако неговиот тумор беше откриен со рутински тестови.