Младиот фудбалер, Марко Асенсио, побарал состанок со челниците на Реал Мадрид за да се дефинира неговата улога во тимот под диригентската палка на новиот тренер, Карло Анчелоти.
Младиот Шпанец во тековнава сезона не ја добива посакуваната шанса за докажување бидејќи одигра само 95 минути на вкупно 5 средби. Тој досега не успеа да постигне погодок или да асистира.
Во исто време, весникот „Марка “ пишува, дека првите луѓе на „кралевите“ сакаат да му го продолжат договорот на Асенсио кој му истекува за две години.

