Конечно, заврши извонредната серија на голови на Роберт Левандовски во дресот на Баерн (М). Синоќа на мечот против Гројтер Фирт, полскиот голгетер не постигна гол за Баерн и тоа се случи за првпат од февруари оваа година. Баварците победија со 3:1, но Полјакот не успеа да запише нов погодок зад своето име.
Левандовски постигна гол без прекин во последните 19 натпревари за Баерн, од кои 15 во Бундеслигата. Тој последен пат го напушти теренот без постигнат гол на 11 февруари оваа година.

