Дарио Ивановски (машка) и Адријана Поп Арсова (женска) конкуренција, победија на 17-от Виз Ер Скопскиот маратон на кој учествуваа околу 150 натпреварувачи.Тие успеаја да постават нови државни рекорди.
Ивановски оствари време од 02.21.27 што беше доволно да се искачи на првото место на пиедесталот пред пред Младен Ставановиќ (БИХ) и Германецот, Давид Перли. Поп Арсова маратонот го заврши со време од 02.40.36 часа. Втора низ целта помина Силвија Јукаила (Еквадор) додека Билјана Кираџиева го освои третото место.
Бугаринот, Мишко Ценов, победи во машкиот со време од 01.09.10 додека кај дамите славеше нашата Милјана Ристиќ со време од 01.26.09.