Македонија се враќа од гостувањето кај Лихтенштајн со остварена убедлива победа од 4:0 и освоени три планирани бода од ова гостување.
Македонската фудбалска репрезенатција добро го започна натпреварот и на самиот старт имаше убава шанса, но Трајковски не успеа да ја зафати топкта како што посакуваше и не го погоди голот на домашната селекција. Потоа следуваа неколку шанси на Милан Ристовски, Елиф Елмас и Дарко Чурлинов кои не донесоа предност за Македонија.
Сепак нашата репрезнтација успеа д аго отвори резултатот и да го сруши бункерот пред голот на Лихтенпштајн во 39-та минута кога по корнерот кој го изведе Трајковски , најнапред допката удри во дирекот се одби до Чурлинов кој ја врати назад кон Кире Ристески, а тој пак го проигра Дарко Велковски на кого не му беше тешко со врвот од копачката да ја смести топката во голот на Лихтенштајн за водство од 1:0.
На стартот на второто полувреме Македонија и понатаму ја контролираше играта, а до зголемување на водството се чекаше до 66 минута кога по ударото кој го доби Адеми во противничкиот шеснаесетник, судијата досуди пенал за нашата репрезентација кој го реализираше Алиоски за водство од 2:0.
Откако влезе во игра Бобан Николов успеа да се запише во листата на стрелците во 74.минута кога доби топка на 14 метри од голот и со прецизен удар го совладата голманот Бухел за предност од 3:0 на Македонија.
Со голот на Дарко Чурлинов во 83.минута , нашата репрезентација успеа да зголеми на 4:0, откако Чурлинов направи одличен пробив по десната страна и благодарение на одбраната на домашната селекција дојде во шанса да постигне гол и да го зголеми водството на Македонија што на крајот се покажа како конечен резултат.
Нашата репрезентација веќе во понеделник ја очекува нов натпревар и тоа во Скопје за прв пат ќе гостува селекцијата на Германија која вечерва ја победи Романија со 2:1.
ФОТО: ФФМ